Ви благодариме што пристапивте на веб страната www.auria.mk (“Web store”). Ние ја почитуваме вашата приватност и сакаме да ги заштитиме вашите лични податоци. Да се информирате повеќе на оваа тема прочитајте ја нашата „Полиса за Заштина на личните податоци“.
ПОЛИСА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Auria.mk го вреднува односот со корисниците и посветеноста на одговорното ракување со личните податоци. Водиме грижа за вашите лични податоци. Грижа која е соодветна со нашите компаниски стандарди, интернационалните стандарди и адекватна на македонските закони за заштита на личните податоци.
Auria.mk ги следи овие принципи на безбедност што се однесуваат на начинот на кој ние ги прибираме, користиме, обезбедуваме и споделуваме информациите од клиентите:
„Auria“- ПОЛИСА ЗА ЗАШТИНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Полисата за заштита на личните податоци, која следи подолу во текстов, Ви ги објаснува процесите на обработка на личните податоци кои ги доставувате на auria.mk. Објаснет е процесот на кој нашата компанија ракува со нив и како се грижи за нивната безбедност.
ИНФОРМАЦИИ ПРИМЕНИ ОД „Auria.mk“
Како дел од Вашата интеракција со „Auria.mk“, можеме да примиме податоци од Вас како:
Контакт информации, вклучувајќи име, e-mail адреса, телефонски број и домашна адреса. Исто така може да прибираме демографски податоци, лични интереси и препораки за производи.
При испорака или при употрeбата на нашите услуги, можно е да побараме Ваши лични податоци во случаи како:
Нарачки на производи или услуги
Активирање на Ваш акаунт (кориснички профил)
Договарање на испорака или инсталација
Приклучување кон нашите наградни игри
Ваше учество при промоции или маркетиншки прашалници
Обид да нè контактирате со Ваше прашање
Учество во други активности на „Auria.mk“.
КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци кои ни ги давате ги користиме за следните намени:
Пополнување на барања за производи, услуги или информации
Следење и потврдување на online нарачките
Испорака или инсталација на производите
Учество во наградните игри
Овозможување на сервиси спрема Вас
Администрирање на промоции, маркетиншки испитувања или реклами
Подобрување на ефективноста и квалитетот на нашата веб страна, подобрување на ефектите од нашиот веб маркетинг и нашите понуди и услуги
Спроведување на истражувања и анализи
Праќање на маркетиншки материјали
Извршување на други бизнис активности по потреба.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ДОСТАВЕНИ ДО „Auria.mk“ ОД ТРЕТИ ЛИЦА
ИНФОРМАЦИИ ОД/ЗА ПРИЈАТЕЛИ ИЛИ ФАМИЛИЈА
Доколку ни доставите лични податоци за други физички лица, нашата компанија ќе ги користи тие податоци за специфичната намена за која Вие сте ги доставиле до нас. Како пример за ваков случај посочуваме испорака на производ до адреса на Ваш близок, користење на опцијата „Ваучер за подарок“ или праќање порака со препорака за конкретен производ до Ваш близок.
ИНФОРМАЦИИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА
„Auria.mk“ добива информации од трети лица за нашите корисници за подобрување на прецизноста на базата со податоци за нашите клиенти, подобрување на сигурноста на податоците за конкретните клиенти или нивна идентификација. Како пример посочуваме проверка на податоците од нашите клиенти преку Златна книга, Телеком и сл. со цел потврдување на точните податоци и сигурноста на нарачката
СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
„Auria.mk“ не ги продава или изнајмува Вашите лични податоци до трети лица. Маркетиншките материјали ги испраќа „Auria.mk“ без да овозможи пристап до податоците на трети лица. Можно е да ги споделиме Вашите податоци со помошни компании како, на пример, компаниите со кои имаме посебни договори за испорака на робата, кои пак, не смеат да ги користат податоците во други намени. Горенаведеното подразбира, “www.auria.mk“ може да сподели податоци од корисниците со одредени трети лица кои имаат договори со нашата компанија како сервисни куќи, доставувачки компании и сл.,
Како примери за споделување на лични податоци со други компании кои работат за нас наведуваме:
Пополнување на нарачка
Праќање маркетиншки материјали по наш налог
Испорака на производи
Закажување и извршување на инсталации
Сервисирање на производите
Одржување на нашите наградни игри
Спроведување на истражувања, анализи и административни интервјуа
Праќање на регуларни e-mail пораки на барање на „Auria.mk“
Процесирање на нарачки со кредитна картичка преку SSL сертификат
Компаниите со кои комуницираме во бизнисот се авторизирани да ги користат информациите единствено за спроведување на услугата за која што ги изнајмуваме. Тие се должни законски да се грижат за безбедноста на Вашите податоци според законот за заштита на лични податоци на Р. Македонија.
Од време на време, можно е од нас да се побара со судски налог, владина истрага или друг законски начин кој го наметнува правниот систем во Р. Македонија, споделување на лични податоци од конкретни корисници. Исто така имаме право да ги информираме службите за заштита на граѓаните доколку сметаме дека некоја постапка на корисниците е нелегална. Имаме право да споделиме конкретен податок кога нашата компанија смета дека тоа е неопходно поради можноста за нарушување сопственост, имот или безбедност на други или на нас самите. Исто така имаме право на трансфер на личен податок во случај на недоразбирање или сличен настан.
ИЗБОР ВО ОДНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Штом ни ги доставите Вашите лични податоци, можеме да го користиме тој податок за праќање понуди, промоции, попусти, интервјуа и други маркетиншки алатки. Доколку ни пратите електронска пошта со вакво барање, Ве молиме осигурајте се дека ќе го посочите Вашето полно име и презиме, адреса, телефонски број со потенцирање на измените кои сакате да ги извршиме. На овој начин ќе се осигурате дека нашите систем администратори правилно ќе Ве идентификуваат и правилно ќе го спроведат Вашето барање. „Auria“ ќе го процесира Вашето барање со респект спрема нашите маркетиншки клиенти. Во зависност од нашиот маркетиншки распоред во однос на електронската пошта и СМС пораките, потребно е извесно време за да се процесира барањето. Информативно следуваат временските рамки за процесирање на вашето барање:
10 работни денови за електронската пошта
30 работни дена за телефонски маркетинг
30 работни дена за СМС маркетинг.
Доколку Вашето барање е примено и спроведено, сè уште постои можноста да примите маркетиншки материјал од наша страна. Доколку ни пратите барање по електронски пат, Ве молиме дозволете ни екстра време за конечно спроведување.
ОБНОВУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Нашата компанија „Auria“ би сакала Вашите податоци да се точни и прецизни. Овозможуваме повеќе методи како да ги обновите Вашите лични податоци.
За да ги обновите/измените Вашата адреса, телефонски број или електронска пошта:
Доколку имате веќе креиран кориснички профил на www.auria.mk, имате можност да го измените доколку пристапите со него
Пратете барање на: [email protected] Доколку одлучите да ни испратите e-mail, новите податоци кои би сакале да ги додадеме вметнете ги во пораката.
ИЗБОР ВО ОДНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
„Auria.mk“ користи квалитетни методи со цел да ја издигне доверливоста на Вашите лични податоци на највисоко ниво и пристапот до истите да го лимитира на минимум. „Auria“ има политика и на интерни договори за доверливост. „Auria“ не може да Ви гарантира за доверливоста на податоците пратени до нас преку класичен e-mail бидеќи немаме контрола на патеката на таа порака, тоа го правите на свој сопствен ризик. Ве молиме бидете внимателни, користете лиценциран антивирус со последни антивирусни закрепи. Од време на време скенирајте го вашиот компјутер со antispyware и antimalware безбедносни апликации.
ПОЛИСА ЗА БЕЗБЕДНО КУПУВАЊЕ НА WWW.AURIA.MK
Нашата компанија користи повеќе различни информатички методи за да ги штити Вашите податоци во интеракцијата со нашата веб страна. Делот кој е наменет за плаќање преку интернет користи технологии на енкрипција како Secure Sockets Layer (SSL), за да се заштитат податоците при самиот трансфер. При оставањето на податоци од највисока осетливост, како број на Вашата кредитна картичка и слично, податоците воопшто не се во допир со класичниот јавен интернет, туку се оставаат во посебен безбедносен канал директно во криптирана (шифрирана) комуникација со серверите на банката.
КРЕИРАЊЕ ЛОЗИНКА НА WWW.AURIA.MK
Нашата компанија користи повеќе различни информатички методи за да ги штити Вашите податоци во интеракцијата со нашата веб страна. Делот кој е наменет за плаќање преку интернет користи технологии на енкрипција како Secure Sockets Layer (SSL), за да се заштитат податоците при самиот трансфер. При оставањето на податоци од највисока осетливост, како број на Вашата кредитна картичка и слично, податоците воопшто не се во допир со класичниот јавен интернет, туку се оставаат во посебен безбедносен канал директно во криптирана (шифрирана) комуникација со серверите на банката
COOKIES И АВТОМАТСКО СНИМЕНИ ПОДАТОЦИ (НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)
Cookie е малечок фајл со податоци кој што може веб страната или e-mail-от да го сними во вашиот интернет прелистувач, кој што фајл потоа е сниман на Вашиот тврд диск. Нашата веб страна користи популарно наречени cookies за креирање на персонализирано шопинг искуство на нашите посетители. Cookies симулираат константна конекција – тие ни овозможуваат да „запомниме“ информации за Вашите подесувања при Вашите сесии на страната, и Ви овозможуваат да се движите низ делови на страната без потреба повторно да се претставувате. „Auria.mk“ ги користи популарно наречените cookies на Вашиот компјутер за прибирање на не-лични податоци кои не би ја загрозиле Вашата приватност. Имате избор да го подесите вашиот Веб прелистувач да не прифаќа cookies. Но, без овозможени cookies, нема да бидете во можност да гледате, креирате кориснички профил или да правите нарачки на www.auria.mk.
CLICKSTREAM ТЕХНОЛОГИИ
Нашиот Web сервер автоматски прибира clickstream информации како што се веб адресата (или URL) од веб страната која Ве насочила кај нас, кои страни се најпосетени на нашата веб страна, која софтверска апликација е користена како интернет прелистувач, кои поими или производи се најпребарувани и слично. Нашите администратори можат да користат и други технологии со цел следење на посетеноста и атрактивноста на содржината на нашата веб страна. Овие анонимни clickstream податоци им овозможуваат на нашите корисници подобро шопинг искуство и ни помага нам, како компанија, да анализираме како корисниците ја користат нашата веб страна, со што добиваме можност за константна надградба и адаптација на потребите на корисниците.
ГРИЖА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПРИВАТНОСТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ве молиме контактирајте нè доколку наидете на било каква сомнителност за нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци. После доставеното барање или покревање на прашање од Ваша страна во однос на безбедноста, ние ќе Ви одговориме најдоцна за три работни дена од приемот на Вашето прашање. Пратете e-mail на: [email protected]
ПРОМЕНИ ВО ПОЛИСАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Како што „Auria.mk“ константно се подобрува и адаптира, горенаведената полиса за безбедност на личните податоци е подлежна на промени. Доколку има некои измени или додавања на оваа полиса, измените ќе бидат поставени тука или во друга форма и ќе бидат подлежни на ваша ревизија. Секогаш со вас.